
КАКО СЕ РОДИ ИДЕЈАТА ЗА ИНВЕСТИЦИСКИОТ КЛУБ?
Идејата за инвестицискиот клуб се роди од реална потреба, потреба што сите ние ја забележувавме од различни агли: како основачи, инвеститори, ментори или советници.
Често гледавме талентирани претприемачи со иновативни идеи кои се соочуваат со исти предизвици – немање пристап до почетен капитал, ограничена поддршка, и отсуство на стратешка мрежа што може да им помогне да растат паметно.
Наместо да чекаме системски промени, решивме да дејствуваме. Се поврзавме како група луѓе со различни искуства, но заедничка визија, да создадеме платформа каде што паметниот капитал оди рака под рака со искуство, менторство и вистинска поддршка.
Од тие први неформални разговори, настанa иницијативата да изградиме нешто поразлично: инвестициски клуб што не е само финансиски извор, туку двигател на здрава стартап култура.
Денес, сме тука за да ги поддржиме оние што се осмелуваат да започнат и да им помогнеме да стигнат подалеку, побрзо и посигурно.

КОЈ СТОИ ЗАД КЛУБОТ?
Иницијативата е водена од Сашо Пандилов – родител, сопруг, бизнисмен и ментор со богато искуство. Со долгогодишна кариера во развој и соработка на решенија за чиста вода (филтри и системи за пречистување) и проекти за безбедносни алармни системи, тој вложува во стартапи со визија, технолошки потенцијал и општествен импакт.
Како управител и еден од основачите на консалтинг комапнијата „Незапирливи – Консалтинг и Менaџмент ДОО“, Сашо е водечка личност која креира стратегија, воспоставува мрежа на партнери и ја носи визијата на клубот напред.
Со комбинација на деловна строгост, иновативен дух и желба за активно менторирање, Сашо со своето искуство стои како силен столб – обезбедувајќи не само финансирање, туку и реална поддршка, знаење и поделена визија за раст на стартапите.