ШТО ДОБИВАТЕ КАКО ИНВЕСТИТОР ?

Во еден свет каде талентот не секогаш има пристап до капитал, нашиот клуб создава мост помеѓу инвеститори и визионерски основачи. Ако сакате да инвестирате паметно и со вистински импакт, сте на вистинското место.



Пристап до селектирани стартапи со потенцијал!

Добијте директен увид во внимателно избрани стартапи со валидиран бизнис модел и јасен план за раст.

Структурирани pitch сесии и due diligence процес!

Учествувајте во организирани презентации и транспарентна евалуација на компаниите пред донесување на одлука за инвестиција.



Можност за ко-инвестирање со други членови!

Инвестирајте самостојно или во синергија со други членови на клубот, споделувајќи ризик и експертиза.



Менторски ангажман!


Вклучете се како ментор и придонесете со знаење, искуство и насоки во растот на стартапите.



Мрежа на искусни професионалци и потенцијални партнери!



Бидете дел од заедница на инвеститори, претприемачи и стручњаци со различни вештини и ресурси.

Ексклузивни настани, работилници, нетворкинг!

Уживајте во пристап до приватни настани каде што се спојуваат знаење, нови можности и клучни контакти.

КОЈ МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕН ВО КЛУБОТ НА БИЗНИС АНГЕЛИ?

Членството во клубот на бизнис ангели е наменето за поединци и организации кои имаат интерес да вложуваат во иновативни стартапи со висок потенцијал за раст. 



Добредојдени се искусни инвеститори, претприемачи со изградени бизниси, професионалци со релевантна експертиза, како и претставници на фондови или институции со интерес за ко-инвестирање. 



Клучните вредности што ги бараме се визија, ангажираност и подготвеност да се поддржат стартапи во нивната најкритична фаза – не само со капитал, туку и со знаење, менторство и мрежа на контакти.

КАКО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ ВО КЛУБОТ НА БИЗНИС АНГЕЛИ?

Доколку сте заинтересирани да станете дел од инвеститорскиот клуб, пополнете го формуларот или стапете во контакт со нашиот тим.